Муралот на Горан Стефановски е нацртан на фасадата на училиштето Коле Неделковски во Дебар Маало во чест за одбележувањето на 70 години од неговото раѓање.
Во 2021 година во паркот спроти Општина Центар е поставена клупа со споменик на Горан Стефановски.
Горан Стефановски е роден во 1952 година во Битола. Со неговата појава македонската драма доживува огромен успех. Негови драми се: ,,Лет во место", ,,Дупло дно", ,,Јане Задрогаз", ,,Хај-Фај", ,,Демонот од Дебар Маало", ,,Тетовирани души", ,,Диво месо". Најпознат е по една од најдобрите македонски серии ,,Бушава азбука".
Горан почина на 27 ноември 2018 година во Кантербери, Велика Британија.




Comments
Post a Comment