Ристиќева палата во Скопје
Оваа автентична зграда со убава архитектура се наоѓа на плоштад Македонија во центарот на градот. Таа е една од ретките високи градби што не биле уништени од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Оваа палата е изградена во 1926 година од фармацевтот Владислав Ристиќ (или Ристичев) и по проект на архитектот Драгутин Маслаќ.
На горниот спрат живееле семејството Ристиќ, додека на долниот спрат биле оперативни соби.
Во 1929 година во Ристиќева палата бил донесен првиот лифт во Македонија, кој бил со германско потекло, а воедно и еден од ретките на Балканот. Лифтот беше во употреба до 2011 година, кога со одлука на станарите на зградата, беше подарен во Музеј на град Скопје. На истото место денес има нов модерен лифт кој е во стилот на стариот. Причината за подарување на лифтот не е позната. Многу постари лифтови од тој што бил во палатата се сеуште исправни и работат.
Денес Ристиќева палата ја грдат неколку рекламни билборди кои се наоѓаат на зградата.
Становите во зградата денес се во приватна состојба (најверојатно купени?), а дел од просториите се изнајмени на ЕВН и други приватни фирми и организатори.
На фасадата има заштитен знак, односно грбот на фамилијата Ристиќеви. Во тоа време богатите фамилии на своите фасади од куќите си правеле грбови. Исто така им биле одземени имотите и национализирани, но потоа со многу потешкотии успевале да си ги вратат.
Оваа зграда е еден од симболите на Скопје. Во развиените држави, внатре во овие згради има музеј, а архитектурата и зградата е заштитена со закон. Но за жал, не само што не е заштитена, туку туристите ретко ја забележуваат и фотографираат.




Comments
Post a Comment