Пајтонот од/во старо Скопје Во минатото од 1918 до 1941 година главно превозно средство во Скопје било пајтонот. Пајтоните главно биле увезувани од Виена, но се правеле и во Скопје и Битола. Најстариот пајтон (пајтонот на Робеви) што сеуште е сочуван се наоѓа во Битола и е стар 150 години. Пајтоните прво им биле достапни на најбогатите скопски семејства, па потоа на патниците. Во Скопје се возеле пајтони со два или еден коњ. Цената на возењето била различна, зависи до каде сакале да се возат патниците. Цените варирале, од 15 до 25 динари. Во Скопје возеа пајтони и до пред неколку години, но тоа беше за краток период. Пајтоните сеуште се атракција во другите европски градови како Виена. Но за жал Скопје ја нема таа архитектура и инфраструктура за пајтони. Иако можеби на туристите би им било интересно, но тоа нема да помине кај скопјани и домашните туристи од другите градови. Овој пајтон на фотографијата денес се наоѓа на Боемска улица.

Comments
Post a Comment